18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера: Subaru Impreza хечбек и седан за 2017-та (фото+видео)

Премиера: Subaru Impreza хечбек и седан за 2017-та (фото+видео)

impi 33

Откако дознавме како изгледа новата „Impreza“ со 4 врати, сега имаме можност да ги погледнеме и фотографиите од хечбекот.

Двата модели визуелно се засновани на концептите од 2015-та, а се поставени на новата универзална механичка платформа (Subaru Global Platform). Производителот соопшти дека двете верзии на новата „Imprezа“ за по неколку cm подолги и пошироки, додека меѓуосовинското растојание пораснало за 2,5 cm во однос на претходната генерација.

impi 34

Во исто време, подобрени се и аеродинамичките каракатеристики на автомобилот, со оглед на намалениот отпор на воздухот.

Засега е познато дека меѓу погонските единици ќе се најде бензински 2.0-литарски „боксер“ мотор со 152 ks, и дека поскапите верзии ќе имаат подобрен „CVT“ менувач кој ќе има и мануелен мод со 7 степени на пренос.

impi 35

Кога станува збор за безбедносните системи, новата генерација на „Imprezа“ ја доби најсовремената „EyeSight“ технологија со функција на автоматско сопирање со цел да се избегне незгода, потоа адаптивен темпомат, систем за предупредување во случај на напуштање на сообраќајната лента, предупредување во случај на доаѓање на друго возило од страната кога автомобилот се движи во рикверц, oткривање на мртвиот агол, а во стандардната опрема меѓу останатото се нуди и воздушно перниче за колената.

impi 36

„Subaru Impreza“ со 4 и 5 врати во продажните салони пристигнуваат до крајот на годината, до кога се очекува да бидат познати и цените на овие модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП