17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГолем како куќа, а има и скалила - Lincoln Navigator (фото+видео)

Голем како куќа, а има и скалила – Lincoln Navigator (фото+видео)

navi 00

Со „Cadillac Escalade“, „Lincoln Navigator“ е дел од самиот врв на луксузни американски „SUV“ модели. Во Њујорк беше претставен концептот на новиот „Navigator“ кој што со самото појавување привлече големо внимание на автомобилската јавност.

Тоа што прво паѓа во очи, покрај импозантната големина на возилото, се огромните врати кои се отвораат нагоре, како кај некои од спортските автомобили. Во овој случај, од „Lincoln“ се одлучиле за по една врата на секоја страна, па така пристапот до кабината воопшто нема пречки кога таа ќе се подигне.

navi 01

Продукциската верзија од практични и економски прични најверојатно ќе има класични врати, но решението кое е применето на овој концепт е многу интересно.

Со оглед дека станува збор за навистина огромен „SUV“, растојанието од подот на возилото до земја е значително многу поголемо отколку кај обичните патнички автомобили, па влегувањето и излегувањето во „Navigator“ е отежнато. Од „Lincoln“ за овој проблем пронајдоа одлично решение во вид на скали кои се склопуваат и кои автоматски се извлекуваат кога ќе се отвори вратата.

На тој начин, „VIP“ клиентите ќе можат елегантно да излезат од возилото кога ќе стапнат на црвениот тепих.

navi 02

Во луксузната патничка кабина има место за шест возрасни лица во три реда седишта. Положбата на секое седиште може да се прилагодува на дури 30 начини, па така секој патник ќе може да ја заземе иделната положба во текот на возењето, но и да ја прилагоди формата на седиштето според индивидуалните потреби. „Lincoln“ ја претстави и опцијата за мини-гардеробер кој се наоѓа во багажникот на возилото.

navi 03

Под хаубата се наоѓа моќниот 3.5-литарски „V6 EcoBoost“ на „Ford“, кој како што вели производителот, располага со преку 400 ks.

Иако сериската верзија веројатно ќе се разликува во некои детали од концептот, идниот „Navigator“ несомнено ќе претставува впечатлива глетка на патиштата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП