28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHermes објави 13% раст на годишната добивка

Hermes објави 13% раст на годишната добивка

hermesnova

Францускиот производител на луксузни стоки „Hermes International“ објави раст на профитот од 13% за минатата година. Производителот на чантите „Birkin“ успеал да задржи водечките маргини во индустријата, иако растот на приходите благо е намален во четвртиот квартал.

Семејната француска семејна компанија објави дека профитот е зголемен до 973 милиони евра од 859 милиони евра во претходната година со 8,1% раст на приходите до 4,84 милијарди евра.

„Hermes“, која често се гледа како лидер во секторот како од гледна точка на цените, така и на профитабилноста, продолжува да победува со одржување на шармот на својот бренд и високите цени, додека ги ограничува трошоците.

Компанијата изјави дека маргината на оперативната добивка благо се прошири за 0,3 процентни поени до 31,8% во однос на претходната година. Претходно „Hermes“ објави дека профитот ќе останат релативно без промена поради валутни флуктуации.

Покрај силниот раст на профитот „Hermes“ останува претпазлив во однос на прогнозите. Компанијата го потврди претходното предупредување дека растот на приходите ќе биде под целните 8% при постојани конверзии. Ова се должи на слабеење на светската економија и геополитичките тензии, кои ја ограничуваат побарувачката на скапи чанти и други модни стоки.

„Се наоѓаме во многу сложена маркоекономска средина“, изјави главниот извршен директор Аксел Дима.

Тој додаде дека компанијата ќе постигнува добивка, како што продолжува да се проширува производството на кожна стока. Компанијата неодамна отвори два нови фабрики и планира да го зголеми производниот капацитет со околу 8% секоја година на среднорочен план.

Во обид да се изедначуваат цените разлики во светот, како резултат на постојано променливите валути, „Hermes“ ги зголемила цените во еврозоната со околу 4% на почетокот на оваа година, задржувајќи ги без промена во други земји.

Минатиот месец компанијата забележа раст на приходите за 17% до 1,4 милијарди долари за четвртиот квартал од 1,2 милијарди долари за истиот период од претходната година, поддржана од слабеењето на еврото во однос на другите валути.

По отстранувањето на девизните ефекти органскиот раст на компанијата за четвртиот квартал е 7%, што е малку понизок од 9-те проценти кои ги забележа во првата половина на 2015-та година и 8-те проценти во третиот квартал.

Покрај слабата евро, побарувачката во Јапонија исто така продолжува да го поддржува растот на продажбата, изјавија од „Hermes“. Тоа го компензира бавниот квартал во Франција, кој бил под влијание на падови поради терористичките напади на 13-ти ноември во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП