19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan ја зголеми моќноста на GT-R (фото+видео)

Nissan ја зголеми моќноста на GT-R (фото+видео)

disk gtr

Подобрен „GT-R“ претстави јапонската компанија „Nissan“ на автосаемот во Њујорк. Станува збор за модернизација на сегашната генерација, која сепак е најголемата од премиерата на автомобилот во 2007-ма година. Ажурирањето влијае како на дизајнот и технологијата, така и погонскиот систем.

Во однос на дизајнот гледаме целосно променета предница која демонстрира различни светла, оклоп и решетка. Исто така се додадени нови бои за екстериерот и фелни со различен дизајн.

disk gtr3

Ентериерот исто е променет, нудејќи нов кожен тапацир на инструмент таблата, променета централна конзола, нов инфо-систем со 8-инчен дисплеј, различен волан, повеќе комфорни спортски седишта и друго.

За удобноста во кабината на новата верзија на „GT-R“ се грижат и акустичните стакла, дополнителна звучна изолација и системот „Active Noise Cancellation“ која ги филтрира несаканите надворешни звуци.

disk gtr1

Што се однесува до погонот, тој е доверен на познатиот 3,8-литарски V6 мотор со би-турбо. Тој, сепак, е поставен да генерира за 20 КС повеќе или вкупно 570 КС. Исто така е поставен и нов издувен систем од титаниум.

disk gtr2

Во моментов недостасува информации за динамичките карактеристики на обновениот „GT-R“. Не се познати и цените. Деталите треба да бидат достапни ова лето, кога ќе се одржи пазарната премиера на возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП