10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda го покажа MX-5 со тврд покрив (фото+видео)

Mazda го покажа MX-5 со тврд покрив (фото+видео)

kupe mazda 06

Светската премиера на новата модификација на роудстерот „Mazda MX-5“ се одржа во пресрет на автосаемот во Њујорк. Јапонците покажа варијанта на популарниот модел, опремена со тврд покрив.

kupe mazda 00

Од компанијата производител ја одредуваат „Mazda MX-5 RF“, како што е името на возилото, како „фастбек со интересна линија на покривот и монтажен тврд покрив со задно стакло“.

kupe mazda 01

Самиот покрив може да функционира при брзина до 10 км/ч, а зазема сосема малку простор и не се намалува обемот на багажникот.

kupe mazda 02

Друга карактеристика на новата варијанта на роудстерот е специјалната боја – „Machine Grey“.

kupe mazda 03

„Таа ја нагласува динамиката на линиите и ја пренесува целата убавина на возилото. Контрастот помеѓу темните и светлите тонови оставаат чувство дека возилото е направено од стакло“, тврдат од „Mazda“.

kupe mazda 04

За постигнување на сличен ефект Јапонците користеле специјална технологија за нанесување на лак на каросеријата. Тој се нарекува „Takuminuri“, а претставува 3 лака – боја, рефлексивна и транспарентна. Бојата „Machine Grey“ ќе се нуди за неколку модели на марката, вклучувајќи го и новиот кросовер „Mazda CX-9“, кој ќе излезе во текот на летото на 2016-та година.

kupe mazda 05

Во палетата на „Mazda MX-5“ кој се подготвува за европскиот пазар влегуваат 1,5- и 2,0-литарски бензински мотори „SkyActiv-G“, кои работат во комбинација како со 6-брзински мануелен менувач „SkyActiv-M“, така и со 6-степен автоматски, достапен само за верзијата со тврд покрив „RF“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП