22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПодводно возење велосипед како фитнес тренд

Подводно возење велосипед како фитнес тренд

вело-вода

Возењето велосипед кој е потопен во вода малку повисока од еден метар и отежнатото вртење на педалите, е новиот тренд за зависниците од вежбањето кои бараат потешки вежби за јакнење на мускулите.

Градскиот базен во германскиот пристанишен град Хамбург има редовни курсеви на подводно возење велосипед. Тој тренд го презема Њујорк во 2013 година, кога „Aqua Studio“, гимнастичка сала специјализирана за фитнес, започна да ги привлекува клиентите со солен базен.

Љубителите на возењето велосипед под вода го споредуваат со ткн „спининг“, вежба во којашто зависниците од телесни активности ги вратат педалите проследено со музика, честопати во затемнети сали.

И додека „Aqua Studio“ нагласува дека е прво и единствено во Њујорк со оваа идеја, во германските градови таа е одамна позната. Во базенот во Хамбург, така, кој е хлориран наместо засолен, корисниците го практикуваат комбинирањето од вежби со висок интензитет – од кардио до вежби за јакнење на мускулите на целото тело.

Секако, велосипедите не се вистински, туку само рамки со педали адаптирани за функционирање во вода без да ‘рѓосуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП