9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗChevrolet Camaro ZL1 - 640 ks и автоматик со 10 брзини! (фото+видео)

Chevrolet Camaro ZL1 – 640 ks и автоматик со 10 брзини! (фото+видео)

strasno camaro

„Chevrolet“ ги објави фотографиите и прелиминарните технички детали за новиот најмоќен сериски „Camarо“ кој ќе има светска премиера на саемот за автомобили во Њујорк, на крајот на март.

Со агресивен преден дел, различна маска на ладилникот и хаубата, и големиот заден спојлер, новиот „Camaro ZL1“ изгледа многу агресивно. Надворешниот дизајн јасно укажува на тоа дека под хаубата се крие моќна машина – 6.2 литарски „V8“ со компресор чија моќ се движи околу 640 ks, а максималниот вртежен момент достигнува близу 870 Nm.

strasno camaro1

Станува збор за истата погонска единица која „Chevrolet“ ја вградува во моделот „Corvette Z06“, но со нешто помалку „коња“.

Сепак, и со редуцираната моќ новиот „Camaro ZL1“ е помоќен за 60-тина коњски сили од претходната генерација на овој автомобил, а производителот тврди дека новиот модел е полесен за речиси 100 килограми.

strasno camaro2

За пренос на моќта стандардно се користи шестбризнски мануелен менувач, додека како опција во понудата се наоѓа автоматик со пренос од 10 степени ( за прв пат во еден сериски модел на „General Motors“) и команди на воланот. Oвој менувач инаку е развиен во соработка со друг американски автомобилски гигант, компанијата „Ford“.

„Chevrolet“ за сега не ги објави податоците за перформансите, но се очекува дека „ZL1“ ќе биде нешто побрз од претходната генерација која за достигнување до „стотка“ било потребно околу 4 секунди.

strasno camaro3

Новиот „Camaro ZL1“ е поставен на 20 инчни алуминиумски бандажи и „Goodyear Eagle F1 Supercar“ пневматиците со дименции 285/30ZR20 напред и 305/30ZR20 позади. За безбедно сопирање се вградени „Brembo“ сопирачи со шест клипа на предните и со четири клипа на задните трекала.

Повеќе информации за овој модел кој во американските продажни салони ќе пристигне до крајот на годината, се очекува да бидат познати по премиерата во Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП