27 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Нов „трилп дабл“ за Андетокумбо

НБА: Нов „трилп дабл“ за Андетокумбо

grkce 98

Атланта ја спаси честа на тимовите кои изминатата ноќ играа на домашен терен. Атланта славеше над Индијана 104:75, додека како гости победи забележаа Кливленд, Милвоки, Њујорк и Јута. Кливленд во дербиот ги декласира Клиперси, а Калдерон постигна тројка во последната секунда, со која Њујорк ги совлада Лејкерси. Индивидуално блескаше крлниот играч на Милвоки Јанис Андетокумбо кој против Бруклин оставри „трипл дабл“, што е негов четврти ваков учинок на последните 11 натпревари.

Милвоки победи во Бруклин 109:100, а младиот Грк имаше учинок од 28 поени, 14 асистенвии и 11 скокови. Андетокумбо стана првиот играч на Милвоки кој во една сезона четири пати забележал „трипл дабл“.

Клиперси забележаа тежок пораз од Кливленд, чии кошаркари постигнаа 18 тројки од 37 обиди. Кливленд победи 114:90, а клучната предност Леброн и друштвото ја направија во втортата четвртина која ја добија со 37:22.

Џејмс постигна 27 поени, а го следеа Ирвинг и Смит со по 17 кошеви. Кај Клиперси Редик уфрли 19, а Крис Пол имаше учинок од 17 поени и 10 асистенции.

Атланта постигна седум тројки во третата четвртина, а до крајот ја декласира Индијана 104:75. Милсап имаше учинок од 18 поени и девет скокови, а Хорфорд постигна 18 кошеви.

Јута славеше во Сакраменто 108:99 и остана во трката за осмата позиција во Западната конференција. Фејворс со 28 поени и 14 асистенции ја предвдеше Јута, која сега има скор 31-35. Казинс, кој по суспензијата се врати во тимот на Сакраменто, беше најефикасен на мечот со 31 кош и 10 скока.

Шпанецот Хосе Калдерон го реши победникот на мечот Лејкерси-Њујорк. Калдерон постигна тројка на 0,2 секунди до крајот на мечот за триумф на Никси 90:87. Калдерон мечот го заврши со девет поени и шест асистенции. Мело Ентони го предводеше Њујорк, тој 12 од своите 26 поени постигна во последната четвртина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП