27 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКари и Томпсон го средија Портланд

Кари и Томпсон го средија Портланд

kos 000

Кошаркарите на Голден Стејт му се реваншираа на Портланд за поразот, кој го претрпеа минатиот месец, пораз кој е еден од само шесте порази на актуелните шампиони во сезоната.

Голден Стејт славеше над Портланд со 128:112, а победникот беше решен уште на полувремето кога шампионите постигнаа 81 поен. Голден Стејт има скор 58 победи и шест порази.

Стеф Кари одигра 29 минути и успеа да постигне 34 поени, додека најефикасен кај победникот беше Клеј Томпсон со 37 поени. Кај Портланд се истакна Демијан Лилард кој постигна 17 поени.

Резултати: Сакраменто-Орландо 100:107, ЛА Клиперс-Њујорк 101:94, Голден Стејт-Портланд 128:112, Јута-Вашингтон 114:93, Бостон-Хјустон 98:102, Чикаго-Мемфис 96:118, Оклахома-Минесота 96:99, Шарлот-Детроит 118:103, Филаделфија-Бруклин 95:89.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП