17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi SQ7 TDI на „стероиди“ (фото+видео)

Audi SQ7 TDI на „стероиди“ (фото+видео)

JE-Design 00

Работилницата за тјунирање – „JE Design“, демонстрираше неверојатна оперативност. Само пред неколку дена компанијата „Audi“ го претстави спортскиот кросовер „SQ7 TDI“, но тоа не ги спречи тунинг експертите да реагираат навремено и подготват својот пакет со доработка за моделот.

JE-Design 01

Интересно е дека стандардниот „SQ7 TDI“ добил голем број на технички иновации. Дизел „V8“ моторот на моделот е опремен со два турбополначи кои дејствуваат решително, како и со електрична турбина која работи со 48-Volt. Последната шема се појавува за прв пат кај сериски модел.

JE-Design 02

Подесувањето на верзијата од страна на „JE Design“ остава впечаток со својата агресивна надворешност. Таа има проширени калници и 22-инчни тркала, а овие дополнувања можат да се користат не само за „SQ7 TDI“, туку и за стандардниот „Audi Q7“ со дополнителен пакет „S Line“.

JE-Design 03

Најважната доработка сепак влијаела на моторот, кој во стандардната варијанта развива 435 КС и 900 Нм. По интервенцијата на експертите од студиото моќноста е зголемена на 522 КС, а вртежниот момент достигнува вредност од 4 цифри. И додека стандардниот „SQ7 TDI“ забрзува од 0 до 100 km/h за 4,8 секунди, тоа доработената варијанта го прави истото за само 4,4 секунди.

JE-Design 04

Од „JE Design“ ја нудат својата програма за подобрување на квалитетот и на далеку поскромните параметри на „Audi Q7“ со 3,0-литарски дизел кој развива 272 КС и 600 Нм. За 1999 евра експертите на работилницата ги зголемуваат показателите до 326 КС и 685 Нм, а исто така даваат 2-годишна гаранција на моторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП