21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДолга е листата на играчи кои ги посакува Реал Мадрид

Долга е листата на играчи кои ги посакува Реал Мадрид

zelbi rm 00

Колку е реално некои од овие фудбалери да пристигнат во Реал Мадрид? Реконструкцијата во редовите на „кралевите“, доколку ја избегнат суспензијата во летниот преоден рок, се очекува да биде завршена…

Како што пишува „Marca“, малку луѓе веруваат дека Зидан ќе остане на клупата, но и дека тимот од „Бернабеу“ ќе ја освои 11-тата титула првак на Европа. Реконструкција ќе се случи, па поради тоа постои список на играчи кои мадриѓаните ги сакаат, нормално дека нема сите тие да дојдат во клубот, но четири или пет играчи би можеле да станат „галактикоси“ во наредниот преоден рок.

Давид де Геа останува приоритет, ќе видиме дали доаѓањето на Мурињо ќе промени нешто, но и натаму се зборува за клаузулата на шпанскиот голман која стои во новиот договор кој тој го потпиша. Доколку Де Геа пристигне, Навас би можел да замине во Англија, затоа што го посакува Арсенал. Во одбраната „мета“ се Маркињос и Лапорте, двајцата млади стопери имаат висока цена, затоа што Французинот од Билбао има клаузула од 50 милиони евра. Лево би можел да дојде Родригез од Волсфбург, кој исто така е стара желба, а тука се и Алаба и Стоунс. Најмалку двајца дефанзивци би можеле да го засилат Реал, а приоритет се стопер и лев бек.

zelbi rm 01

Во средниот ред покрај Погба, се споменува и одличниот Сане од Шалке кого го сакаат и водечки клубови од Англија, но и Азар, иако миминални се шансите Белгиецот да дојде додека Роналдо е во клубот. Нејмар е сон, но Левандовски и Обамејанг не се, иако првиот не е воодушевен што Роналдо ќе му биде соиграч. Клубот би можеле да го напуштат Пепе, Бензема, дури и Иско, кој нема простор за игра.

Што се однесува до Мората, Реал би можел да ја искористи клаузулата да го врати, а тогаш да го продаде по поголема цена. Ниту самиот играч не сака да остане во клубот. Колку овие желби се реални?

Стопер и лев бек секако, иако доаѓањето на Стоунс и Лапорте се под знак прашалник, а Родригез најверојатно е желба и на Барселона. Што се однесува до Погба, би требале да го претплатат, а Обамејанг е поблиску, отколку Левандовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП