3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai ја покажа најлуксузната лимузина (фото)

Hyundai ја покажа најлуксузната лимузина (фото)

l gen

Премиум-брендот „Genesis“, кој е во сопственост на компанијата „Hyundai“, пушти на пазарот продолжена верзија на својот прв модел – „G90“. Засега возилото ќе се нуди само во Јужна Кореја, каде што ќе се вика „EQ900 L“.

Луксузната лимузина е долга 5495 мм, а растојанието помеѓу двете оски достигнува 3450 мм. По овие параметри возилото го надминува за 290 мм стандардниот „G90“, ака „EQ900“. Широчината од 1915 мм и висина од 1405 мм се задржуваат.

l gen11

Продолжената верзија е опремена со систем за погон на четири тркала и бензински „V8“ мотор со зафатнина од 5,0 литри. Моќноста на моторот е 425 КС, а тој работи во комбинација со 8-степен автоматски менувач.

l gen22

За ентериерот на „Genesis EQ900 L“ може да се нарачаат елементи од различни природни дрва. Како и кај стандардниот седан, во задниот дел на предните седишта се интегрирани таблети. Во опремата на луксузниот автомобил влегуваат уште 19-инчни бандажи, аудио-систем „Lexicon“ и трозонска климатизација.

l gen33

За безбедноста на возачот и патниците се „грижат“ 9 воздушни перничиња, систем за спречување на фронтален и страничен удар, систем за екстремно запирање со функција за препознавање на пешаците, интелектуален курс-контрол, како и асистент за следење на лентата на движење.

l gen44

Брендот „Genesis“ беше претставен во есента 2015-та година, а до овој момент во неговата палета влегува само еден модел – „G90/EQ900“. Намерите на Корејците се до 2020-та година да претстават вкупно 6 модели, вклучувајќи кросовер и купе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП