28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата универзална платформа на Subaru (фото+видео)

Новата универзална платформа на Subaru (фото+видео)

uni subaru 00

„Subaru“ ја претстави новата глобална платформа на која ќе се градат сите нови автомобили на компанијата. Првиот од нив ќе биде новата генерација „Impreza“ кој ќе го видиме уште оваа година.

Новата шасија обезбедува подобрена динамика и комфор, како и пониски нивоа на бучава и вибрации, се вели во официјалното соопштение. „Subaru Global Platform“, како што е името на архитектурата, исто така помага за дополнително намалување на центарот на гравитација со 5 мм (за овој индикатор автомобилите на „Subaru“ се водечки и во моментов).

uni subaru 01

Новата платформа драстично ја подобрува и структурната цврстина на возилото – од 70% до 100% во однос на сегашните модели, тврдат Јапонците. Вкупната јачина на торзија пак се подобрува со 70% во однос на сегашните модели.

Друга иновација кај „Subaru Global Platform“ е задениот стабилизатор кој е монтиран директно во кабината, благодарение на кој навалувањето на возилото се подобрува со цели 50% во однос на сегашните модели.

uni subaru 02

Архитектурата исто така ќе ја оптимизира безбедноста на возилото, бидејќи е изградена од челик, благодарение на што преземањето на енергијата од удар е подобрен за 40%.

„Платформата ги предвидува идните подобрувања во цврстината и новите материјали и има можност да нуди највисоки светски нивоа на безбедност, дури и до 2025-та година“, велат од „Subaru“.

Друга значајна карактеристика на „Subaru Global Platform“ е универзалноста. Шасијата ќе може да се користи за сите модели на брендот, а значително ќе ја подобри ефикасноста на производството. Платформата е предвидена за изградба, како на автомобили со бензински или дизел мотори, така и за хибридни и електрични возила.

Повеќе за новата шасија ќе биде познато при премиерата на новата „Impreza“ подоцна во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП