7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКамп Ноу ќе има капацитет од 105.000 места

Камп Ноу ќе има капацитет од 105.000 места

kamp nou 87

Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека до сезоната 2021/2022 ќе го прошири капацитетот на стадионот „Ноу Камп“ на 105.000 места.

Барселона, во соопштението, наведува дека на тендерот за дизајн и реновирање на стадионот победила заедничката понуда на јапонската компанија Никен Секеи и каталонското студио на архитектите Џоан Паскал и Рамон Аусио.

Проектот ќе биде презентиран во нарендите недели, а реновирањето ќе започне наредното лето.

Од клубот велат дека победничкиот предлог е „отворен, елегантен, смирен, вонвременски и медитерански“.

„Камп Ноу“ може да прими 99.354 навивачи и е најголем стадион во Европа, а отворен е во 1957 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП