18 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИE.ON. втора година по ред бележи рекордна загуба

E.ON. втора година по ред бележи рекордна загуба

company_cover_E.ON-Makes-New-Discoveries-in-Algeria_

Германскиот енергетски гигант E.ON. во среда соопшти дека минатата година ја заклучи со рекордна загуба, втора година по ред, по отписот на имот ‘тежок’ повеќе од половина од неговата пазарна вредност, а поврзан со ослабените електрани.

Во 2015 година нето загубата на E.ON. е повеќе од удвоена, на седум милијарди евра. Во претходната година изнесуваше 3,16 милијарди евра, покажа финансискиот извештај.

Во E.ON. ваквиот бизнис резултат го препишуваат на отписот во износ од 8,8 милијарди евра поврзан со електраните, од кои повеќето западнаа во загуби бидејќи повеќе не работат потребен број часови што би им овозможувало да работат со заработка, бидејќи во најголем дел се заменуваат со енергија од соларните централи или од ветерот.

Компанијата и во иднина очекува понатамошен пад на добивката, дивидендата и паричните текови заради влошените услови во секторот за производство на електрична енергија.

Оваа година очекуваат пад на добивката пред каматите, даноците, депрецијацијата и амортизацијата за повеќе од 20 отсто.

Акциите на E.ON. во последните 12 месеци загубија повеќе од 40 отсто од својата вредност. Утрово на берзите беа во плус за 1,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП