22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗSpyker се враќа од „мртвите“ (фото+видео)

Spyker се враќа од „мртвите“ (фото+видео)

preliator 30

Холандскиот производителот на спортски автомобили се врати во Женева на „голема врата“ со моделот „C8 Preliator“.

По неколку бурни години, при што во еден момент се најде на работ на банкрот, „Spyker“ на женевскиот автосaем се појави со нов автомобил. Доколку дизајнот ви се чини препознатлив тоа е затоа што „C8 Preliator“ е заснован на моделот „C8 Alerion“ од 2009-та.

preliator 31

Многу стилски детали, како на надворешноста, така и во внатрешноста се превземени од постариот „Spyker“, па со тоа се продолжува традицијата со истакнување на авијатичарското наследство на компанијата од времето на Првата светска војна кога произведувале авиони и авионски мотори.

За називот на новиот модел е одбрано името „Preliator“, кое означува „борец“ или „воин“.

preliator 32

Под хаубата се наоѓа моторот на „Audi“ со 4.2-литри „V8“ кој развива 525 ks. Во понудата се два вида на преносни системи – шестбрзински мануелен менувач и „ZF“ автоматик со ист број на степени на пренос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП