Поголема и практична верзија на кросоверот „Tivoli“ претстави Корејската компанија „SsangYong“ во Женева. Моделот го носи името „Tivoli XLV“ и ќе биде на пазарите уште оваа година.
Главната промена кај „Tivoli XLV“ е поврзана со должината на каросеријата. Таа достигнува 4440 мм, или за 238 мм повеќе од стандардниот „Tivoli“. Дополнителното растојание е додадено во задниот дел, а меѓуоскиното растојание е останато непроменето – 2600 мм.
„Tivoli XLV“ ја користи истата платформа како стандардниот модел, но поголемата должина придонела за навистина огромен товарен простор. Багажниот простор е со зафатнина од 720 литри, кој може да биде зголемен преку навалување на задната купа, стандардно поделена во сооднос 60/40. Достапни се уште во багажниот простор и бројни можности за прицврстување на различни товари.
Палетата на мотори на „Tivoli XLV“ е аналогна со онаа на „Tivoli“. Претставена е од бензински и дизел мотори со зафатнина од 1,6 литри. Бензинскиот агрегат развива 128 КС и 160 Нм, а дизелот има 115 КС и 300 Нм. Трансмисијата е мануелна со 6 брзини или автоматски менувач со ист број брзини добиена од „Aisin“. Погонот може да биде на предните или на сите четири тркала.
Моделот ќе се произведува во Јужна Кореја, а во текот на оваа година ќе биде достапен на европските пазари. Во моментот цените остануваат тајна, но се очекува наскоро да бидат објавени.