19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai во обид да ја загрози Toyotа (фото+видео)

Hyundai во обид да ја загрози Toyotа (фото+видео)

ioniq

„Toyota“ моментално е најуспешниот светски производител на автомобили со алтернативни погонски системи, пред се оние со хибриден погон. Може ли „Hyundai“ да ја загрози водечката позиција на јапонската компанија со амбициозниот модел „IONIQ“, кој ќе се произведува како хибрид, „Plug-in hibrid“, но и како чист електричен автомобил?

На актуелниот женевски саем за автомобили, „Hyundai“ премиерно го изложи моделот „IONIQ“ и тоа во дури три верзии. Корејската компанија најави дека на пазарот најпрво ќе се појави класичен бензинско-електричен хибрид, а по него и верзија на електричен погон. Последниот во низата ќе биде „IONIQ Plug-in hibrid“.

ioniq1

Точниот датум од лансирањето на овие модели се уште не е познат, но затоа се познати некои технички детали. Па така хибридите ќе имаат погонски систем кој се состои од 1.6-литарски „GDI“ бензинец со 106 ks (78 kW) и електромотор со 44 ks (32 kW). Вкупната комбинирана моќ ќе достигне 141 ks (104 kW), a од „Hyundai“ истакнуваат дека овој автомобил во атмосферата ќе емитува само 79 g CO2/km.

ioniq2

Електричниот мотор ќе се биде опремен со литиум-јонски полимерни батерии од 1,56 kWh, a моќта ќе се пренесува на тркалата со помош на менувач со двојно квачило.

ioniq3

Другиот хибриден модел, „IONIQ Plug-in“, му овозможува на возачот со полна батерија да мине и до 50 km, исклучиво на електричен погон.

Овој автомобил е опремен со литиум-јонски полимерни батерии од 8,9 kWh, а според фабричките податоци „CO2“ емисијата изнесува само 32 g/km.

ioniq4

Покрај двата хибриди, „Hyundai“ ќе понуди и „IONIQ Electric“, кој погонската моќ ќе ја добива само од електромотор.

Агрегатот ќе произведува 120 ks (88 kW) и 295 Nm и му овозможува на електричниот „Hyundai“ да достигне брзина од 165 km/h. Aвтономијата во возењето со едно полнење на батеријата изнесува преку 250 km, велат од корејскиот производител.

Визуелно, „IONIQ Electric“ се разликува од хибридните верзии според аеродинамички прилагодените тркала и предниот дел на возилото.

Информации за цените и почетокот на продажбата на моделите „IONIQ“ се очекува дополнително да бидат објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП