„Maserati“ во Женева го претстави првиот кросовер во својата историја. Продажбата на „Levante“ ќе стартуваат кон крајот на месецот, а основната верзија на моделот е проценета на 70.000 евра.
Автомобилот ја користи платформата на седаните „Ghibli“ и „Quattroporte“. Опремен е со електронски управувани амортизери и воздушно потпирање. Масата е дистрибуирана помеѓу двата моста во сооднос 50/50.
Италијанците официјално соопштија и на какви мотори ќе се потпира моделот. Тоа се два бензински – 3.0-литарски „V6“ со моќност од 350 и 430 КС, како и еден дизел. Тој исто така има волумен од 3,0 литри, но развива 275 КС.
Независно од моторот, „Levante“ е опремен со само-заклучувачки заден диференцијал, систем за погон 4х4 и 8-степен автоматски менувач.
Најмоќната верзија на кросоверот забрзува од 0 до 100 km/h за 5,2 секунди, а максималната брзина достигнува 264 km/h. Модификацијата на најслабиот бензинец го прави истото за 6,0 секунди и крева 251 km/h. Кај дизелот забрзувањето трае 6,9 секунди, а максималната брзина е 230 km/h.
Во опремата на „Levante“ влегуваат мултимедијален систем со 8,4-инчен дисплеј, адаптивен курс-контол, систем за следење на мртвите зони, систем за предупредување при опасност од судир, како и функција за екстремно сопирање и за следење на лентата на движење.
Во внатрешноста на најновиот модел на „Maserati“ можат да се користат и скапи материјали, кои се произведени од италијанскиот производител на облека и чевли „Ermenegildo Zegna“.