15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Нов рекорд за Голден Стејт

НБА: Нов рекорд за Голден Стејт

gs nova 222

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ги поместуваат границите на рекордите во НБА лигата. Во ноќта помеѓу четвртокот и петокот, Вориорс ја забележаа 44-та последовна победа на домашен терен и го израмнија рекордот (од 30.април 1995 до 4.април 1996) на генерацијата на Чикаго, која ја предводеше Мајкл Џордан.

Голден Стејт, во дербито, славеше против Оклахома (121:106), а на останатите дуели победи забележаа Сан Антонио над Њу Орлеанс (94:86), Мајами против Феникс (108:92) и Сакраменто во Далас (104:101).

Четворица играчи на Голден Стејт постигнаа двоцифрен број на поени, во 55-та сезонска победа, 44-та последовна на домашен терен.

Стеф Кари постигна 33 поени, Клеј Томпсон 21, Херисон Барнс мечот го заврши со 14 поени, седум скока и пет асистенции, а Дрејмонд Грин имаше учинок од 14 поени, осум скока и седум асистенции.

На спротивната страна Кевин Дурент беше на чекор до ’трипл дабл’ (32 поени, 10 скока, 9 асистенции), Расел Вестбрук постигна 22 , а Серж Ибака 20 поени.

Сан Антонио е единствениот тим во лигата кој успева да го следи ритамот на Голден Стејт. Спарси против Њу Орлеанс стигнаа до 52-та победа во сезоната. Кавај Ленард со 30 поени и 11 скокови, односно Ламаркус Олдриџ со 26 поени ги предводеа Спарси до победата од 94:86.

Сакраменто стави крај на серијата од 22 последовни порази во соочувањата со Далас. Сакраменто славеше на теренот на противникот (104:101). Демаркуз Казинс постигна 22 поени, на кои придодаде 13 скокови и пет асистенции, Ражон Рондо имаше учинок од 18 поени и 12 асистенции, а Марко Белинели уфрли 16 кошеви.

Мајами лесно се справи со еден од најлошите тимови во лигата, Феникс. Жешките од Флорида победија (108:92), а во триумфот се истакнаа Двејн Вејд со 27 и Горан Драгиќ, која на својот поранешен тим му уфрли 15 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП