Фудбалерите на Јувентус ќе го бранат трофејот во Купот на Италија, откако изборија пласман во финалето по подоброто изведување на пенали на натпреварот со Интер. Јуве по првиот меч стекна предност од 3:0, а во средата, во реваншот Интер славеше со истиот резултат, а во пенал серијата играчите на „Старата дама“ славеа со 5:3.
Интер го одигра најдобриот меч во сезоната, успеа против најдобриот италијански тим да слави со 3:0, но во пенал серијата победникот го реши промашувањето на Родриго Паласио.
Головите за Интер ги постигнаа хрватските репрезентативци, Марсело Брозовиќ во 16-та и 82-ра минута и Иван Перишиќ во 49-та минута.
Финалето на италијанскиот Куп ќе се одигра на 21-ви мај на Олимпискиот стадион во Рим, а противник на Јувентус ќе му биде Милан.