18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСимовски го објави списокот за двомечот со Словенија

Симовски го објави списокот за двомечот со Словенија

odbojkarki 33

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави списокот на ракометарки кои ќе конкурираат за место во тимот, за двомечот со Словенија, кој ќе се одигра во рамките на квалификациите за пласман на ЕП.

Првиот собир ракометарките ќе го имаат на 7-ми март, во СРЦ Кале. Македонија  првиот меч ќе го одигра во Словенија на 10-ти март, а два дена подоцна ќе ја пречека Словенија во Скопје.

Во оваа група Македонија и Словенија моментно се без освоен бод, откако и двете репрезентации претрпеа по еден пораз од Хрватска, односно Црна Гора.

Список на повикани ракометарки: Наташа Антиќ, Драгана Петковска, Матеја Серафимова, Нина Ладева, Јована Саздовска, Сара Митова, Наташа Нолевска, Сара Ристовска, Дајана Јовановска, Теодора Керамичиева, Андреа Белеска, Елена Ливриниќ, Симона Стојановска, Елена Ѓорѓијевска, Габриела Величковска, Стефанија Мишевска, Марија Николиќ и Ивана Гакидова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП