26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStarbucks подготвен да ја освои Италија

Starbucks подготвен да ја освои Италија

starbucks_2719042b

Американскиот ланец на кафетерии „Starbucks“ соопшти дека се подготвува да ја освои Италија, отворајќи ја својата прва кафетерија таму.

Нејзиното отворање е планирано за 2017 година во Милано, и тоа во соработка со малопродажната италијанска мрежа „Perkasi“, се вели во соопштението на „Starbucks“, пренесува агенцијата Франс прес.

„После Милано, „Starbucks“ планира да отвори кафетерии во Верона и Венеција“, изјави генералниот директор на американската компанија, Хавард Шулс, најавувајќи истовремено повеќе милиони евра вредни инвестиции во Италија во наредните години и отворање на нови работни места.

„Starbucks“ ќе влезе на пазарот на Италија со огромна скромност и големо почитување на културата“, изјави Шулц.

Американскиот „Starbucks“, сепак, би можел да се соочи со потешкотии во привлекувањето на клиенти, бидејќи станува збор за земја –духовен дом на кафето, која е преплавена со реномирани кафулиња и кафетерии, оценува Франс прес.

Италијанските кафетерии служат шест милијарди „espreso“ кафе годишно, во врeдност од 6,6 илијарди евра, а 41 проценти од возрасните италијани пијат исклучиво „espreso“.

Основан во 1971 година „Starbucks“ во моментов има повеќе од 23.000 кафетерии ширум светот, благодарение на кои минатата година имаше приходи од 19 милијарди долари, што е за 16,5 проценти повеќе отколку во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП