5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаследникот на Bugatti Veyron (фото+видео)

Наследникот на Bugatti Veyron (фото+видео)

kiron 00

„Bugatti“ конечно официјално го откри својот нов суперавтомобил – „Chiron“ кој ќе го замени досегашниот најбрз сериски автомобил на планетата „Veyron“.

Производството на моделот ќе стартува во текот на оваа година. Тој е опремен со „W16“ мотор кој развива моќност од 1.500 КС и 1600 Nm вртежен момент, а максималната брзина на моделот е ограничена по електронски пат на 420 km/h.

kiron 01

Од „Bugatti“ велат дека за да се постигне сличен резултат е потребен ремонт на целосно сите елементи на 8,0-литарскиот мотор со 4 турбини. Две од нив работат само при ниски вртежи, додека другите две се вклучуваат при постигнување на 3800 врт/мин.

Покрај тоа моторот на „Chiron“ добил нов систем за вбризгување со 32 вентили, а исто така и преработен систем за ладење, различен карбонски колектор, како и издувниот систем од титаниум со 4 претходни и 2 основни катализатори.

kiron 02

Моторот на автомобилот работи во комбинација со 7-степен автоматски менувач со 2 конектори. Хиперавтомобилот добил и систем за погон на четири тркала со можност за блокирaaт, како на предниот, така и на задниот диференцијал.

kiron 04

Од 0 до 100 km/h „Bugatti Chiron“ забрзува за 2,5 секунди, до 200 km/h достигнува за 6,5 секунди, а до 300 km/h за 13,6 секунди. Во стандарден режим максималната брзина на возилото е 380 km/h. За постигнување на 420 km/h возилото има потреба од активирање на дополнителен посебен клуч.

kiron 03

Како „Veyron“, така и „Chiron“ е изграден целосно околу карбонски монокок развиен одново од инженерите на „Bugatti“. Задниот дел е изграден од карбон, што му овозможува на автомобилот да биде за 8 килограми полесен од својот претходник.

Каросеријата на моделот исто така е целосно од карбон, а се додадени како пасивни, така и активни аеродинамични елементи. Првите се користат и за ладење на агрегатот и компонентите на моторот. Создадени се специјални отвори кои го водат воздухот покрај тркалата и така да ги ладат механизмите за сопирање.

kiron 05

Покрај тоа, моделот е опремен со активно задно антикрило кое работи во 4 различни позиции. Индивидуализираната шасија на „Chiron“ нуди 5 режими на работа, така што ја менува висината на тлото во зависност од патот, перформансите на системот 4х4 и на активниот заден диференцијал, аеродинамиката на автомобилот, а исто така и алгоритми на системот за стабилизација и на системот за сопирање.

kiron 06

Од новиот модел на „Bugatti“ ќе бидат произведени само 500 примероци, а цената на секој од нив е 2,4 милиони евра, без во оваа сума да бидат вклучени даноците и таксите кои сопственикот на автомобилот ќе треба да ги плати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП