25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo ги претстави V40 и V40 Cross Country (фото+видео)

Volvo ги претстави V40 и V40 Cross Country (фото+видео)

v v 40 00

Први фотографии на обновеното семејство „V40“ покажа шведската марка „Volvo“. Модернизацијата влијае најмногу на надворешноста на моделите, но новини се откриваат исто така во ентериерот и под капакот.

v v 40 01

Обновените „V40“ и „V40 Cross Country“ го покажаа новиот препознатлив дизајн на „Volvo“. Тој е видлив во предниот дел, каде што се интегрирани познатите од „XC90“, „S90“ и „V90“ светла со „LED“ потпис во форма на чекан. Промени има исто кај решетката на ладилникот, додека задниот дел изгледа речиси аналогно со досегашниот.

v v 40 02

Компанијата исто така подготви 5 нови бои за каросеријата и нова палета на тркала.

v v 40 03

Релативно блага е модернизацијата и во кабината на „V40“ и „V40 Cross Country“ каде се појавиле нови опции, тапацир и декоративни елементи. Меѓу додатоците се издвојува климата „CleanZone“ која го прочистува воздухот кој влегува во патничката кабина.

v v 40 04

Што се однесува до палетата на мотори, таа останува речиси непроменета. Исклучок прави само 2,0-литарскиот дизел мотор „D2“, чија верзија со мануелен менувач е доработена и веќе одделува во атмосферата само 89 g/km штетни „CO2“ емисии. Потрошувачката е исто така намалена, но во моментов недостасуваат официјалните податоци.

Сите детали за новите „V40“ и „V40 Cross Country“ ќе бидат откриени следната недела во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП