12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХрватскиот електричен суперавтомобил оди во производство (фото+видео)

Хрватскиот електричен суперавтомобил оди во производство (фото+видео)

rimac 00

Хрватската компанија „Rimac Automobili“ официјално го претстави својот електричен суперавтомобил „Concept One“, чија светска премиера ќе се одржи на почетокот на март на саемот во Женева.

rimac 01

Концептниот модел беше прикажан уште во есента 2011-та година, но серискиот модел не се разликува особено, а од компанијата тврдат дека сите агрегати и елементи на возилото се така дизајнирани што одговараат совршено. Тие се целосно создадени од „Rimac Automobili“, истото важи и за инструментите и машините потребни за изработка на електричниот модел.

rimac 02

„Нашата цел не беше да направиме електрични верзии на веќе постоечки хиперколи, туку да создадеме технологија која ќе ни овозможи создавање на идеално возило. Тој треба да биде брз, привлечен и максимално ефикасен. Со други зборови – целта ни беше да направиме возило на 21-виот век“, изјави Мате Римац, шеф на „Rimac Automobili“.

rimac 03

Машината е создадена на сопствена платформа која овозможува остварување на формулата „тркало – електромотор“. Односно на секое тркало на хрватскиот хиперавтомобил е поставен по еден електричен мотор. Ваквата шема се јавува почесто кај концептуални модели, но е невообичаено решение за сериски автомобил.

rimac 04

Другата уникатна карактеристика е преносот. Стандардните електрични возила ја користат брзината кутија со една брзина. Во случајот сепак Хрватите сторил нешто навистина уникатно – на секое од предните тркала е поставена слична трансмисија, додека во секое од задните е интегриран две брзински менувач со две спојки, позајмено од болидите во Формула 1.

rimac 05

Максималната моќност на „Concept_One“ е 1088 КС, а вртежниот момент достигнува 1600 Нм. Тоа овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,6 секунди. Максималната брзина е повеќе од импресивна за електричен автомобил – 355 км/час, а вкупната маса на машината е 1850 кг.

Од моделот ќе бидат произведени само 8 примероци, а цената засега не се соопштува официјално. Употребата на карбон во конструкцијата, како и на уникатната трансмисија сепак сугерираат дека таа нема да е воопшто ниска. Според експерти минимумот за сличен модел на пазарот ќе биде околу 700.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП