8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКараван верзијата на Renault Megane (фото)

Караван верзијата на Renault Megane (фото)

kar megane

Фотографии и информации за караван верзијата на новата генерација „Megane“ откри француската марка „Renault“. Моделот го носи името „Megane Estate“ и официјално ќе биде претставен во Женева во текот на следната недела.

Во моментов недостасуваат информациите за димензиите на возилото, но пак од сликите станува јасно дека моделот исто така ќе се нуди и во спортска верзија „GT“. Таа покажува уникатна сина боја, повеќе хромирани детали, различни браници и решетка на ладилникот, заден дифузер, двоен издувен систем, уникатна кабина и специјални тркала.

Генерално дизајнот на новиот „Megane Estate“ е под силно влијание од хечбекот. Се гледаат исти челни „LED“ светла со уникатен светлосен потпис издолжени стоп светла со „3D“ дизајн и засечената линија на покривот.

kar megane1

„Renault Megane Estate“ ќе се нуди со истите мотори кои се достапни за хечбек верзијата. Тоа се бензински агрегати со моќност од 115 до 205 КС и дизел со развој меѓу 90 и 165 КС.

Двете најмоќни дизел и бензински модификации се наменети за верзијата „GT“, која освен уникатни екстериер и ентериер ќе демонстрираат и технологијата за четирите тркала „4Ccontrol“.

Повеќе детали очекувајте во почетокот на март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП