28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНова најбрза „мачка“: Jaguar F-Type SVR (фото+видео)

Нова најбрза „мачка“: Jaguar F-Type SVR (фото+видео)

macka 00

„Jaguar“ објави нови фотографии, а исто така и техничките карактеристики на верзиите „SVR“ на купето и роудстер „F-Type“, кои се најмоќните сериски модели на марката. Премиерата на двете возила ќе се одржи на автосаемот во Женева.

Возилата со погон на четири тркала се опремени со „V8“ мотор со турбополнач, а моќноста е зголемена од 550 на 575 КС. Вртежниот момент се зголеми од 680 на 700 Nm. Моторот работи во комбинација со модернизиран 8-степен автоматски менувач.

macka 01

Оваа комбинација му овозможува на купето да развива максимална брзина од 322 км/ч. Оваа верзија забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,5 секунди. Кај роудстерот забрзувањето трае 3,9 секунди, а максималната брзина е 310 км/ч.

macka 02

Тежината на отворената модификација е 1720 килограми, додека кај другата е 1705 килограми. „Jaguar F-Type SVR“ е опремен со издувниот систем од никел, како и со нови амортизери и стабилизатори за напречна одржливост. За двете возила е достапен пакет „Carbon Ceramic Matrix“, благодарение на кој тие се полесни за 25 килограми. Пакетот вклучува карбон-керамички сопирачки, како и елементи на каросеријата од лесни материјали.

macka 03

Спортската кола добила 20-инчни тркала. Таа се разликува од стандардниот модел по предниот спојлер од карбон, задниот дифузер и регулираното антикрило. За двете верзии е предвиден мултимедијален комплекс „InControl“ со 8-инчен екран на допир и навигација, а исто така и аудио „Meridiаn“ со моќност 770 вати.

Европската продажба на „Jaguar F-Type SVR“ ќе стартува во текот на летото. Цените на купе верзијата стартуваат од 142.500 евра, а на роудстерот од 150.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП