9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlpine се врати на сцената (фото+видео)

Alpine се врати на сцената (фото+видео)

alpineto

Брендот „Alpine“, кој е во сопственост на „Renault“, го претстави концептот купе „Vision“. Прототипот претставува предсериски примерок на моделот со кој ревитализираната француска марка се враќа на сцената.

alpineto1

Претставник на компанијата изјави дека во сериската верзија ќе се сместат околу 80% од стилските решенија кои се користат во концептот. Пазарната премиера на автомобилот ќе се одржи во втората половина на 2016-та година, а неговата продажба ќе стартуваат во почетокот на 2017-та година.

alpineto2

Тежината на возилото е 1.100 килограми, моторот е лоциран во средината на шасијата. Од „Alpine“ соопштуваат дека со 4-цилиндарскиот турбо-мотор моделот ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,5 секунди. Детали за агрегатот не беа дадени, но речиси сигурно тоа е 1,6-литарски мотор од „Renault Clio RS“, чиј обем ќе биде зголемен до 1,8 литри за моделот на „Alpine“.

alpineto6

Стандардната варијанта на моторот ќе развива моќност од 250 КС. Во подоцнежна фаза треба да се појави и верзија „RS“, при која агрегатот ќе развива околу 300 КС. Помоќниот агрегат ќе го добие и модернизираниот систем за ладење, кој ќе се комбинира со 7-степен автоматски менувач чии брзини ќе можат да се префрлуваат од воланот.

alpineto3

Во кабината на „Alpine“ преовладува контрастот меѓу материјали и бои. Дизајнерите употребиле мешавина на кожа, микрофибер ткаенини, алуминиум и карбон. Пред возачот е лоцирана таблата со инструменти, составена од предмет на индивидуализација со „TFT“ дисплеј.

alpineto4

Двете педали и алуминиумскиот праг за левата нога се карактеризираат со три триаголни обрасци, а алуминиумскиот волан е обликуван со кожа и опкружен со рачките за менување на брзини. Таму е поставено и копчето со кое се стартува моторот.

alpineto7

Цените на „Alpine“ ќе стартуваат од околу 50.000 евра, а главните ривали на моделот на пазарот ќе биде „Audi TT“, „Porsche Cayman“ и „Alfa Romeo 4C“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП