27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн го посакува Компани

Баерн го посакува Компани

vincent-kompany_2293379b

Раководството на Баерн Минхен ќе се обиде на крајот од сезоната да го доведе во своите редови капитенот на Манчестер Сити, Винсент Компани. Тоа би бил и првиот голем подарок за идниот тренер на баварците Пеп Гвардиола, кој е љубител на играта на белгискиот дефанзивец, а дури имаше желба да го донесе во Барселона.

Од Баерн внимателно ја следат ситуацијата околу 26-годишниот фудбалер, кој е во затегнати односи со менаџерот на „граѓаните“, Роберто Манчини. Причината е поради тоа што Компани играше за Белгија на квалификациските дуели против Македонија, а притоа пропушти 8 последователни натпревари на Сити поради повреда.

Интересно е дека ако Компани се пресели на „Алијанц Арена“, тој за место во првиот тим ќе се бори со сонародникот Даниел ван Бујтен. За потсетување во 2008-та година Хамбургер го донесе Компани од Андерлехт, токму како замена за Ван Бујтен кој се пресели во Баерн. Сега во составот на „баварците“ има и друг поранешен соиграч на Компани, Жером Боатенг. Германскиот репрезентативец беше продаден на Баерн од Манчестер Сити во 2011-та година за 13.5 милиони евра. Дефанзивецот сега секогаш е стартер и не се знае дали ќе се вклопи во концептот на Гвардиола.

Што се однесува до Компани, тој неодамна го обнови договорот со шампионот на Англија за уште 6 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП