20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНад милијарда бесконтактни трансакции процесирани лани со Mastercard и Maestro

Над милијарда бесконтактни трансакции процесирани лани со Mastercard и Maestro

mastercard

Со посредство на картичките Mastercard и Maestro минатата година во Европа биле процесуирани над една милијарда трансакции, што е раст од 150 отсто во однос на 2014 година, соопшти во средата Mastercard.

Во четвртиот квартал во 2015 година во просек 13 отсто од сите трансакции извршени  на продажни места во Европа биле бесконтактни.

Истовремено, бројот на платежни картички, мобилни телефони и други бесконтактни уреди се зголеми за 121 отсто, а обемот на потрошувачка остварена преку Mastercard и Maestro се зголеми за 183 отсто во однос на претходната година.

„Зголемувањето на користењето и прифаќањето на бесконтактни плаќања е охрабрувачки, исто како и можностите што овој тренд им ги пружа на трговците. Новото истражување покажа дека 48 отсто од секојдневните плаќања во Европа изнесува помалку од 25 евра, износ што може да се плати со помош на бесконтактен платен терминал без внесување на ПИН. Благодарение на високиот процент на трансакции кои може да се платат без внесување на ПИН и вољата на купувачите за користење на бескокнтакна технологија, трговците се во идеална позиција да ги искористат овие погодности“, вели претседателот на Mastercard Europe, Хавиер Перез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП