6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако еволуираше Porsche 911 од 1964-та до денес (видео)

Како еволуираше Porsche 911 од 1964-та до денес (видео)

evolucija 335

Малку модели во историјата на автомобилската индустрија успеале да потраат подолго од половина век. Уште помалку се оние чиј дизајн во тој период не е променет од корен.

За дизајнерите на „Porsche 911“ често се шегувале дека имале најлесна работа на светот, затоа што тој модел еволуирал од генерација во генерација, благодарејќи на изворниот концепт кој во 1962-ра година го зациментирал Фердинанд Александер Порше (Ferdinand Alexander Porsche).

Вистина е дека во обликувањето на секој нов „911“ било предизвик со оглед дека наизглед совршениот автомобил му било потребано дополнително да се унапреди, како механички, така и аеродинамички, притоа да не се променат неговите основни линии.

Погледнете го видеото кое на сликовит начин покажува како најпознатиот модел на „Porsche“ се менувал од своето деби, пред повеќе од половина век, па се до денeска:

Aвторите на анимацијата избрале дека секоја од генерациите преставува верзија за која сметаат дека оставила значаен белег во автомобилската историја.

Покрај визуелните и механичките промени кои „Porsche 911“ ги имаше во својата историја, може да се забележи и како моќта на моторот до денеска е зголемувана за неколку пати од скромните 130 „коња“, колку што имаше првата генерација, а покрај секој модел е истакната и цената во долари од времето кога тој автомобил се појавил на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП