5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi претстави возило без возач на Берлинале 2016 (фото+видео)

Audi претстави возило без возач на Берлинале 2016 (фото+видео)

pilot audi

На свеченото отворање на меѓународниот филмски фестивал во Берлин, беспилотниот автомобил Audi A8 L W12 пристигна на црвениот тепих, а со него допатува филмска ѕвезда Даниел Брил.

Лимузината без возач ги пречека познатиот актер и неговата девојка пред нивниот хотел во Берлин и ги превезе до Берлинале Паласт.

pilot audi1

Технологијата со врвна сообраќајна  платформа употребува истакнати архитектонски објекти по должина на маршрутата како ориентација и ги споредува информациите од претходно утврдената прецизна мапа. Audi A8 L W12 ги синхронизира овие информации со пресметката и податоците добиени од сопствените движења. Оваа споредба му овозможи на VIP возилото да ги помине зададените сообраќајни рути без возач.

„Ние вложуваме во развојот и постојано ги тестираме новите технологии за беспилотно возило во сите услови на патот“, изјави Штефан Книрш, член на управниот одбор за технички развој.

pilot audi2

„Ние веќе докажавме дека можеме да создадеме беспилотно возило кое ќе вози на тркачка патека и на автопат. За потребите на филмскиот фестивал „Берлинале“, многу лесно и со максимална прецизност поминавме низ сложениот градски сообраќај“, додаде Книрш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП