19 мај, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп - 15.02.2016 до 21.02.2016

Неделен хороскоп – 15.02.2016 до 21.02.2016

nedelen-nedelen-horoskop-zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

РАБОТА: Сонцето и Меркур оваа недела ќе ви овозможат поквалитетни комуникации со колегите, додека Сонцето во поволен аспект со вашиот знак добро ќе влијае на вашите финансии.

ЉУБОВ: Ќе имате проблеми со личноста која ви се допаѓа. Обидете се да се воздржите и да не ја зголемувате тензијата со напади и искази полни со нервоза. Бидете повеќе искрени.

ЗДРАВЈЕ: Добро

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

РАБОТА: Марс би можел да ви ги отежне работите на деловен план, каде токму вие самите можете да си бидете најголем непријател. Намалете го интензитетот на работа и желбата на сите околу вас да им покажете дека сте во право.

ЉУБОВ: Ако сте подготвени да ги следите своите соништа, ова е неделата во која сите тие нешта можат да ви се остварат. Слободните Бикови ќе мора да почекаат подобро време, а оние во врска или брак ќе ја ценат љубовта.

ЗДРАВЈЕ: Уморни сте, стресот ве обзема, одморете.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

РАБОТА: Ви се отвораат нови прилики, но за да ги дофатите, потребно е да ги завршите претходните задачи кои ќе ви подарат големо искуство. Побарајте помош од повозрасен колега.

ЉУБОВ: Добра недела за посветување на повеќе време и внимание на блиските. Ќе имате трпение да ги слушнете проблемите на сите, а тоа ќе ви помгоне и сами на себе да си помогнете. Партнерот е вашата најсветла ѕвезда.

ЗДРАВЈЕ: Малку повеќе внимание обрнете и на исхраната и на добриот сон.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

РАБОТА: Треба да знаете што и како да направите во одреден момент за да ги остварите вашите замисли. Откако ќе донесете одлуки, тргнете кон замисленото и не запирајте. Немојте да бидете неодлучни.

ЉУБОВ: Венера ви донесува привлечност која ќе знаете како да ја искористите. Централното место во друштвото ќе ви донесе некои нервози кои кратко ќе траат, побарајте поддрша од пријателите.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

РАБОТА: На работното место малку помалку истакнувајте се, бидејќи надредените многу добро ги читаат вашите замисли и знаат колку всушност сте искрени а и кои се вашите намери. Бидете фер бидејќи колегите со кои се подбивате ќе се завртат против вас, а тоа многу скапо ќе ве чини.

ЉУБОВ: Не лошо понекогаш да мечтаете и да направите нешто лудо и незамисливо, а таквото однесување ќе ви донесе позитивни поени кај спротивниот пол. Охрабрете се и направете нешто необично, очите ќе бидат завртени кон вас.

ЗДРАВЈЕ: Консумирате премногу масти.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

РАБОТА: Не обрнувајте внимание на ситните озборувања и подметнувања на работното место, бидејќи ги има доста, дури и оние кои ве сакаат и ви мислат само добро. Имате доста тешкотии и ќе морате да се откажете од нешто, но внимавајте од што.

ЉУБОВ: Ќе имате мали недоразбирања со некои членови од семејството, потребен ви е компромис или едноставно побегнете од ситуацијата. Слободните ќе треба повеќе да се потрудат околу љубовниот живот и изборот на партнер.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

РАБОТА: Подобрување очекувајте на секој план. Ќе бидете добро расположени, а добро ќе се снаоѓате и со претпоставените. Се уште може да ве погоди некој мал стрес, но без некоја голема тежина. Амбициозните потфати исто така ќе бидат успешни.

ЉУБОВ: Ќе успеете да воспоставите контакт со личност која одамна не сте ја виделе, а не сте престанале да мислите на неа. Претставниците во сериозните врски ќе имаат прекрасен период со многу моменти на нежност и разбирање.

ЗДРАВЈЕ: Можна настинка, внимавајте.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

РАБОТА: Ќе ги обновите контактите со некои луѓе и ќе успеете да воспоставите нови релации со личности на кои порано неможевте да им се доближите. Со малку тактичност и дипломатија ќе го постигнете посакуваното. Ќе дојдете до поголема сума на пари.

ЉУБОВ: Можеби ќе се нервирате и ќе се карате поради плеткањето на другите во вашиот живот, но подобро е да се смирите и убаво размислете кого ќе го слушате, а кого ќе го игнорирате.

ЗДРАВЈЕ: Потребен ви е одмор кој ќе ве опорави комплетно.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

РАБОТА: Потребна ви е голема волја и енергија за да ги завршите работите навреме. Многу работа, недоразбирања со колегите и претпоставените ќе бидат главна карактеристика во овој период. Бидете потолеранти и не навлегувајте во непотребни расправии.

ЉУБОВ: Бидете повеќе внимателни во односот со партнерот, а ако подолго време не сте задоволни од врската ставете точка и расчистете. Слободните ги очекува љубов на прв поглед која ќе ви донесе убави моменти.

ЗДРАВЈЕ: Внесувајте повеќе течности.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

РАБОТА: Во комуникациите имате напредок, периодот ви е одличен за склопување на пријателства како деловни така и приватни. Финансиската ситуација нема многу да ве радува, но нека не ве загрижува тоа, бидејќи набрзо ќе се поправи.

ЉУБОВ: Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

РАБОТА: Најдобро за вас неделава е да ги оставите плановите и проектите кои би ви донеле брза заработувачка на страна. Периодот не е поволен за таков вид на работа. Посветете и се повеќе на тековната работата и можете да очекувате големи успеси.

ЉУБОВ: Оние кои се во брак ќе треба цврсто да се држат заедно за да можат зеднички да го решат проблемот кој ги засегнува. Ако сте слободни, излегувањето со една важна или многу драга личност предвидува дека вашите замисли комплетно ќе се реализираат.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на здравјето на очите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

РАБОТА: Иако ќе работите напорно ќе бидете полни со енергија и мошне задоволни со себе. Ќе се занимавате со работи кои во целина ве задоволуваат. Работните пропусти кои сте ги направиле и не се така големи за да прифатите нечија казна или остра критика.

ЉУБОВ: Ако сте во сериозна врска овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна, некој ќе превземе се за да ве освои. Брачните врски се под добро влијание на планетите, па затоа можеби ќе размислувате за проширување на вашето семејство.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со белите дробови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП