26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia го покажа конкурентот на Prius

Kia го покажа конкурентот на Prius

niroto 3

Во пресрет на отворањето на автосаемот во Чикаго, Корејската компанија „Kia“ го обелодени својот нов хибриден кросовер – „Niro“. Серискиот модел ќе се појави на пазарот во текот на есента, а треба да го заземе место меѓу „Kia Soul“ и „Kia Sportage“ во палетата на брендот.

Автомобилот е изграден на целосно нова платформа, создадена специјално за хибриди и електрични возила. Истата архитектура е користена и кај „Hyundai Ioniq“, а меѓуоскиното растојание при хибридниот модел на „Kia“ е 2700 мм.

Погонот на хибридниот модел е доверен на агрегат, во кој влегува 1,6-литарски бензински мотор со моќност од 105 КС, кој работи по циклусот на Аткинсон. Моторот работи во комбинација со електромотор со 43 КС, 6-брзински автоматски менувач со две спојки и батерија со капацитет од 1,56 kW / h.

Средните нивоа на штетни „СО2“ гасови кај „Kia Niro“ се 89 g/km. Тоа е повеќе од показателите на неговиот главен конкурент на пазарот – новата „Toyota Prius“ (70 g/km). Корејците сепак не се загрижени од овој факт, бидејќи нивниот хибрид ќе биде значително поевтин од „Prius“.

Иако „Niro“ е типичен кросовер, тој може да се пофали со низок коефициент на влечење – 0,29. Меѓу другите карактеристики на моделот се уште и нискиот центар на гравитација, ниските нивоа на бучава и вибрации, лесната конструкција и многуте електронски системи, тврдат од „Kia“.

Основната технологија е „Eco-DAS“, кој му помага на возачот што е можно ефективно да апсорбира енергија при возење и соодветно да ја користи кога има потреба од неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП