
Издавачката куќа „Слово“ од Скопје, деновиве ја објави книгата раскази „Шеесет приказни општо за животот“ од Иво Петровски.


Издавачката куќа „Слово“ од Скопје, деновиве ја објави книгата раскази „Шеесет приказни општо за животот“ од Иво Петровски.
Ова е втора книга на овој млад надарен прозаист и автор на сценарија за кратки филмови. Книгата е проследена со краток поговор од Звонко Танески во кој тој, покрај другото, истакнува дека Патровски ги слика малите луѓе и низ својата постапка постигнува актуелна сатира.
“Стилот на раскажување“, продолжува Танески, „е уметнички вешт, речиси до крај непредвидлив, и доведува до т.н. „внатрешно отрезнување или разобличување“ на поединецот. Мошне често и имињата на главните јунаци се предадени во деминутивна форма, а и просторот на нивно маневрирање е многу пати фиктивно врамен што сведочи за тоа дека оваа проза е во таа смисла и надвременска и може да претставува слатко четиво за книжевни сладокусци…“.