3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНето добивката на SoftBank опадна за 87%

Нето добивката на SoftBank опадна за 87%

Pepper-Softbank-Vision_400_225_80

Јапонската телекомуникациска и интернет компанија „SoftBank Group“ објави дека нејзината нето добивка за третото фискално тримесечје е намалена за 87% во однос на една година претходно.

Во средата компанијата со седиште во Токио објави дека нејзиниот профит нагло опадна до 2,28 милијарди јени (20 милиони долари) од 18,73 милијарди јени година порано. Аналитичарите очекуваа добивка во износ од 71 милијарди јени. Оперативната добивка за третиот квартал порасна за 7% до 189,55 милијарди јени од 176,69 милијарди јени.

Резултатите на „SoftBank“ се појавуваат по повисоките од очекуваните финансиски податоци на „Sprint“, американскиот безжичен оператор кој „SoftBank“ го купи за 22 милијарди долари во 2013-та година. „Sprint“ одамна вложува напори за враќање кон профитот.

Проблемите на „Sprint“ натежнаа на акциите на „SoftBank“, кои во последниве недели ја намалија вредноста делумно поради загриженоста дали „Sprint“ ќе успее да го плати долгот од 32 милијарди долари.

Иако компанијата од Канзас предвиде добар раст на бројот на нови корисници и ги зголеми финансиските цели за фискалната година која завршува во март, акциите на „SoftBank“ се уште се на најниско ниво од две и пол години.

Главниот извршен директор на „SoftBank“ Масајоши Сон многупати изјавуваше дека компанијата е посветена на враќањето на „Sprint“ кон успехот. За да ја покаже својата посветеност, „SoftBank“ го зголеми својот удел во „Sprint“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП