10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Атлантик Група“ во Србија со воведувањето на програмата за енергетска ефикасност заштедила...

„Атлантик Група“ во Србија со воведувањето на програмата за енергетска ефикасност заштедила 10 % енергија

а3

Компанијата за управување со амбалажен отпад во Србија „Секопак“ на крајот на изминатата година го додели сертификатот CO2 на членките на „Атлантик Група“ – „Гранд Пром“ и „Соко Штарк“ – за придонес во намалување на CO2 емисиите во атмосферата, врз основа на пласираните и рециклираните количини на амбалажниот отпад во 2014 година.

„Основата на секое општествено одговорно делување на секоја компанија е таа да стане свесна за важноста и потребата да го унапреди влијанието кое го остава врз животната средина во која работи, па така енергетската ефикасност е траен избор и стратешка определба на „Атлантик Група“ за да го намали влијанието врз животната средина преку рационализација на потрошувачката на енегријата и водата, смалулвање на отпадот и зголемена селекција на отпадот во сите свои процеси“, нагласи Владимир Чупиќ, директор на претставништвото на „Атлантик Група“ во Србија, на свеченото врачување на сертификатите на двете компании во Медиа центарот.

Со ексклузивното доделување на сертификатите „Секопак“ станува прв и единствен оператор на пазарот на Србија, кој обезбедува увид во придонесот на секторот за заштеда на емисија на CO2. Од вкупните заштеди на емисиите на CO2 во Република Србија од 16,076 тони, „Секопак“ учествува со 67% или 10.763 тони.

а2

“Овие резултати ги постигнавме благодарение на примарна селекција и собирање на отпадот од пакување од комуналните извори, со што се зголеми застапеноста на сите 5 видови амбалажен отпад, а со тоа ја направивме најголемата заштеда на CO2 емисиите. Особено сме среќни што ја имаме можноста да го врачиме сертификатот на членките на „Атлантик Група“, кои нé пратат од самиот почеток и работат со нас за изградба на примарната селекција”, вели Виолета Белановиќ Кокир, генерален менаџер на компанијата „Секопак“, лидер на пазарот за управување со амбалажен отпад.

„Атлантик Група“ подготви конкретни проекти за подобрување на енергетската ефикасност за компаниите во Србија, финансирање преку поддршка на ЕБОР, која беше дел од една поширока стратегија за подобрување на системот на производни процеси на „Атлантик Група“ и поддршка на регионалните активности за порационално користење на ресурсите и енергијата, намалување на трошоците, но исто така и заштита на животната средина. Во прилог на намалување на трошоците во врска со ефикасноста, се очекува со планираните инвестиции кај оперативните компании во Србија и понатаму дополнително да се намалува емисијата на CO2 на 600 тони годишно.

Генералниот директор на стратешко-деловната област Кафе, во рамките на „Атлантик Група“ Андреј Беле, рече дека грижата на „Гранд кафе“ за квалитетот на производот започнува од изборот на најдобрите суровини на плантажите за кафе и продолжува преку постојано подобрување на технологијата и енергетска ефикасност, секојдневната контрола и подобрување на оригиналниот рецепт.

а1

“Ова е квалитет кој потрошувачите го препознаваат, а го потврдуваат стандардите за квалитет ISO 9001, HACCP, како и меѓународниот сертификат за управување со животната средина ISO 14001. Со одговорно работење се стремиме да го намалиме негативното влијание на производствените циклуси врз животната средина преку максимизирање на отпадниот третман, контрола на емисиите на гасови и отпадните води, но, исто така, и да придонесеме за подигање на свеста за важноста на рециклирањето во нашата земја и да се развие свеста за важноста на рециклирање на оние материјали чија преработка и повторна употреба е возможна. Крајниот резултат е почисто производство и заштита на животната средина, рационално користење на енергија и суровините со постојан квалитет на производите”, вели Беле.

Компанијата „Штарк“ веќе неколку години постојано работи на исклучиво користење на природни состојки и технолошки процеси кои го поттикнуваат чувањето на хранливата вредност на природните состојки.

“Ние ги заменивме вештачките ароми со природни, користиме природни бои и воведовме нехидрогенизирани растителни масти наместо хидрогенизирани масти. Од друга страна, пак, се грижиме за амбалажата, која кај сите производи е истакнато како се рециклираат и се стремиме да се оддели и рециклира отпадот што е можно повеќе, што во 2014 година беше над 60%. Сето ова е само дел од процесот на стандардите за корпоративна општествена одговорност како што беше потврдено од страна на системот за безбедност на храна и квалитет според ISO 9001, FSSC 22000 и HACCP, како и меѓународниот сертификат за управување со животната средина ISO 14001, со која се докажува дека нашиот систем за управување на ЕМС, е во согласност со најдобрите практики и стандарди” – заклучи Матјаж Водопивец, управен директор на “Штарк“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП