22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАмериканци го купуваат Евертон

Американци го купуваат Евертон

everton kupuvanje

Американски конзорциум за сума од 200 милиони фунти ќе го купи англискиот Премиерлиаш Евертон, пренесува „BBC“.

Групата која ја предводат Џон Џеј Мур, поранешен сопственик на бејзбол тимот Сан Диего и Чарлс Ноел, на добар пат се успешно да ги завршат неколкумесечните преговори со првиот човек на Евертон, Бил Кенрајт.

Мур и Ноел, првично покажувале интерес за Свонси, но на крајот сепак се решиле за клубот од Ливерпул.

Кенрајт се наоѓа на чело на клубот од 1999-та година, кога стана сопственик за „само“ 20 милиони фунти. Тој изјавил дека е подготвен да го препушти тимот на луѓе кои ќе инвестираат во него, особено со реконструкцијата на стадионот „Гудисон парк“.

Фудбалерите на Евертон, по 25 одиграни натпревари во Премиерлигата, се наоѓаат на осмото место на табелата со 35 освоени бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП