Пред четири година, како двоброј за март и април, беше испечатено првото издание од весникот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана.
Четврти роденден на македонскиот весник „Илинден” од Тирана

Весникот изминативе две години, предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија, но и кај македонската дијаспора ширум светот.
Главниот уредник на весникот Никола Ѓурѓај вели дека бројните дописи, кои пристигнуваат на електронската пошта на редакцијата на македонскиот весник „Илинден“како и од другите преписки со читателите, забележително е дека во двегодишниот период весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за македонското малцинство во Република Албанија, но и за промоција на активностите на македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на македонското население вон границите на својата држава.
Во дел од дописите се истакнува и тоа дека читателите искажуваат особена почит кон редакцијата, која на најдобар можен начин одбра да ја промовира македонштината во овие бурни времиња, преку пишаниот збор. Нивната мисија да го одржуваат и поттикнуваат македонскиот идентитет во Република Албанија, преку културен израз целосно ја остваруваат.

