18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia подготвува ривал на Audi A5?

Kia подготвува ривал на Audi A5?

kiia 0001

Со цел да ја привлече помладата популација, „Kia“ зa 2017-та подготвува нов модел од сегментот  во кој досега не беше присутна.

Автомобилот има интерни ознаки „CK“ и е дизајниран да ги привлече купувачите на премиум моделите кои имаат спортски имиџ, како „BMW Serieѕ 4“ или „Audi A5“, во верзиите со 2 или 4 врати.

Се шпекулира дека новата „Kia“ ќе добие погон од 2.0, 2.2 и 3.0 литарски мотори. Автомобилот ќе се изработува во фабриката на „Kiа“ во близина на Сеул, откако ќе се ослободат нејзините капацитети со оглед дека производството на моделот „Rio“ ќе биде преселено во Мексико.

kiia 0002

И додека компанијата „Hyundai“, која поседува 34% од акциите на „Kiа“, полека се шири во премиум сегментот со луксузниот бренд „Genesis“, планот е „Kia“ да се позиционира повеќе како спортска марка. На тој начин, двата сестрински брендови нема да си претставуваат конкуренција меѓу себе на пазарот.

„„Kia“ и претходно беше заинтересирана да ја привлече младата популација со моделот „Soul“. Сега сака на младите да им понуди возбудлив модел со заден погон и спортски имиџ“, објаснува аналитичарот на консултантската куќа „AutoPacific“, Дејв Саливан.

Како би можел да изгледа новиот адут на „Kiа“ на пазарот, покажува концептот „Novo“ кој беше претставен во 2015-та година на саемот во Сеул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП