2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ1,2 милиони долари е цената на првиот Acura NSX

1,2 милиони долари е цената на првиот Acura NSX

acura nsx kec

Ревитализираниот „NSX“ веќе се продава во САД за сума од околу 150.000 долари. Првиот произведен примерок од моделот сепак беше продаден за приближно 8 пати повисока сума.

Викнедов на аукцијата на „Barrett-Jackson“ наддавањето за моделот со број на шасија # 001 достигнаа 1,2 милиони долари. Финалниот залог го направи Рик Хендрик, сопственик на тим во „NASCAR“ и поранешен тркач во овие серии.

Хендрик има богата колекција на автомобили, како и повеќето од нив се или првите изданија, или последни. Таквите автомобили се особено барани, а нивната цена расте со секоја измината година.

Меѓу најновите придобивки на Американецот се првиот произведен „Corvette Z06 Coupe“ од 2015-та година (1 милиони долари), првиот „Corvette“ од 2014-та година (1,1 милиони долари), првото „Camaro ZL1“ од 2012-та (250.000 долари ) и последното „BMW M5 – 30 Jahre“ (700.000 долари).

Исто како кај погоре наведените автомобили, платената сума за првата „Acura NSX“ ќе оди за добротворни цели, се наведува во информацијата на аукциската куќа „Barrett-Jackson“.

Втората генерација на „Acura NSX“ која ќе се продава во Европа под брендот „Honda“, користи хибриден погонски агрегат. Во неговата основа е специјално развиен 3,5-литарски твин-турбо „V6“ мотор со 507 КС и 550 Нм. Тој работи со 9-степен автоматски менувач со две спојки, а е помогнат од електромотор со моќност од 47 КС. Погонскиот агрегат располага со уште два електромотори, кои се лоцирани помеѓу предните тркала. Тие се напојуваат од комплет литиум-јонски батерии. Така на крајот хибридниот систем со погон 4х4 – „Sport Hybrid Super Handling All-Wheel Drive“, располага со вкупно 580 КС и 644 Нм.

Сето ова му овозможува на автомобилот, чија вкупна тежина е 1725 кг, да забрзува од 0 до 100 км/ч за околу 3 секунди. Максималната брзина на возилото е 307 км/ч, откриваат од компанијата производител.

Цените на моделот во САД почнуваат од 156.000 долари, а пак примерокот кој е опремен со сите опции чини не повеќе од 205.700 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП