11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIberdrola и Siemens создаваат голем европски ОИЕ концерн?

Iberdrola и Siemens создаваат голем европски ОИЕ концерн?

veternicite 353

Наскоро може да се дојде до големо спојување во европскиот сектор на обновливи извори на енергија. Германскиот индустриски гигант „Siemens“ и шпанскиот производител на ветерни генератори, турбини и централи „Gamesa“, една петтина од кој се сопственост на концернот „Iberdrola“, преговараат за спојување на бизнисите со ветерни централи, пренесува „DPA“, повикувајќи се на соопштение на шпанската компанија.

Се уште нема конечна одлука, појаснува „Gamesa“. Претходно шпанските медиуми пишуваа дека минхенската компанија веќе започна преговори со шпанскиот енергетски концерн „Iberdrola“.

Според „Bloomberg“, „Siemens“ ја ангажираше „Deutsche Bank AG“ да го истражува купувањето на „Gamesa“ и се дискутирани опциите со „Iberdrola SA“, шпанската енергетска компанија која држи 19,7 отсто од производителот на турбини. „Gamesa“ и „Siemens“ се осмиот и вториот по големина производител на турбини во светот по удел според „Bloomberg New Energy Finance“.

Целта на „Siemens“ била да ги спои своите бизнис со обновливи извори на енергија со овој на „Gamesa“, напиша „El Confidencial“. Портпаролот на германската компанија не посакал да коментира на оваа тема за „DPA“.

Во моментов „Gamesa“ има берзанска капитализација од околу 4 милијарди евра. За тековната година компанијата очекува да пријави приходи од 3,4 милијарди евра. Во својата единица за обновливи енергетски извори во фискалната 2014/15 (до крајот на септември) „Siemens“ пријави приходи од 5,7 милијарди евра.

Според аналитичарот на „Commerzbank“, Инго-Мартин Шахел двете компании би си вклопиле добро. Според него така би настанал најголемиот во светот концерн во оваа индустрија. Особено во однос на енергетиката на копно, а една трансакција би го зголемила значително пазарниот удел на двете компании.

Шпанската и германската компанија исто така ќе се надополнуваат на пазарите на кои се силно застапени. „Gamesa“ е силна во Јужна Америка и Индија, а исто така е и најголемиот странски снабдувач во Кина.

Според податоците на „Bloomberg“ сепак евентуалната заедничка компанија нема да биде лидер. Двата производители би располагале со комбинирана инсталирана ветерна моќност од 60 гигавати, додека најголемиот производител „Vestas Wind Systems A / S“ ќе има 68 гигавати, покажуваат податоците на „Bloomberg Intelligence“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП