1 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолска 2016: Шпанија се избори за финале со Германија

Полска 2016: Шпанија се избори за финале со Германија

hrv spa 232

Шпанија ќе игра против Германија во финалето на Европското ракометно првенство во Полска, откако во второто полуфинале ја совлада Хрватска 33:29 (18:14).

Шпанците четврти пат ќе играат финале на едно ЕП, а в недела во Краков, ќе се обидат да го освојат своето прво злато на континеталните шампионати.

„Црвената фурија“ успеа да ја сопре разиграната Хрватска, која подобро влезе во мечот и до 21-ва минута без поголеми проблеми имаше предност од еден до три гола.

Играта на Хрватска се распадна во моментот кога Шпанците најдоа решение за зоната 5-1. Од 21 минута до крајот на полувремето Шпанците негативата од три гола (10:13), ја претворија во позитива од четири гола (18:14).

Во второто полувреме, Шпанците ја одржуваа разликата, најчесто од три гола, Хрватите се доближија во 48-ма минута на гола негатива, но немаа сили за целосен пресврт, а надежите дека можат да стигнат до финалето им ги уништи Томас, кој за 30 секунди два пати реалзиираше од контранапад и ја врати разликата на четити гола.

Антонио Гарсија и Ривера постигнаа по шест гола, а Томас и Агинагалде по пет за шпанската репрезентација, додека кај Хрватска најефикасен беше Слишковиќ со шест гола, а по четири постигнаа Копљар, Штрлек и Мариќ.

Финалниот меч Шпанија-Германија ќе се одигра в недела од 17:30 часот, а претходно од 15 часот Норвешка и Хрватска ќе се борат за бронзениот медал.

Инаку, Шпанија и Германија играа на отворањето на првенството, во првото коло во Б групата, Шпанците славеа со 32:29.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП