18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Торонто ја продолжи победничката низа

НБА: Торонто ја продолжи победничката низа

demar derozan

Шест натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу четвртокот и петокот. Торонто ја забележа десеттата победа во низа, Рајан Андерсон од Њу Орлеанс забележа личен рекорд.

Торонто, до десеттата победа во низа, вкупно 31-ва во сезоната стигна со триумфот над Њујорк 103:93. Бековската двојка Кајл Лаури и Демар Дерозан постигнаа по 26 поени, додека Литванецот Јонас Валанчунас оствари ‘дабл-дабл’ од 11 поени и 18 скокови.

Њу Орлеанс славеше во дуелот со Сакраменто 114:105, а Рајан Андерсон го одигра мечот на кариерата постигнувајќи 36 поени. Кај Сакраменто по 26 поени постигнаа Демаркус Казинс и Бен Меклемор.

Данило Галинари, постигна 26 поени (четири тројки) и беше најзаслужниот за победата на Денвер над Вашингтон 117:113.

Чикаго гостуваше во Лос Анџелес и убедливо ги порази Лејкерси 114:91. Лидер на Булси на овој меч беше Џими Батлер со 26 поени и 10 скокови,  додека Пау Гасол против својот поранешен тим имаше учинок од 21 поен и 12 скокови.

Убедлива победа 103:83 оствари Мемфис во дуелот со Милвоки. Мемфис до 27-та сезонска победа го предводеше Џеф Грин со 21 поен.

Дербито на Истокот во кој играа Индијана и Атланта им припадна на Пејсерси, кои предводени од Монта Елис (25 поени, 6 скока, 5 асистенции) славеа со 111:92.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП