26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Томпсон го победи Далас

НБА: Томпсон го победи Далас

tomson 000

Осум натпревари се одиграа во НБА лигата, на шест од нив победи забележаа тимовите кои беа домаќини. Гостински победи забележаа само ЛА Клиперси во Атланта (85:83) и Оклахома во Минеаполис (126:123).

Деандре Џордан со 13 поени и 19 скоови, односно Крис Пол со 11 поени и 10 асистенции ги предводеа Клиперси до победата во Атланта, каде најефикасен беше Пол Милсап со 14 поени, на кои придодаде 12 скокови.

Кевин Дурент постигна 27 поени, а Расел Вестбрук имаше учинок од 24 поени, 15 поени и осум скокови, во триумфот на Оклахома кај Минесота 126:123. Минесота ја предводеше Зек Лавин со 35 поени.

Голден Стејт забележа уште една убедлива победа 127:107 во дуелот со Далас. Стеф Кари мечот го заврши со скромни 14 поени, но блескаше Клеј Томпсон кој постигна 45 поени (7/12 за три).

Сан Антонио се рехабилитираше од катастрофалниот пораз во дуелот со Голден Стејт и славеше убедливо над Хјустон 130:99. Ламаркус Олдриџ оствари ‘дабл-дабл’ од 25 поени и 10 скокови, а Грин и Ленард постигнаа по 18 поени.

На останатите средби: Кливленд го победи Феникс (115:93), Детроит славеше над Филаделфија (110:97), Бостон го победи Денвер (110:103), а Јута го декласира Шарлот (102:73).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП