12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилен раст на добивката на Siemens

Силен раст на добивката на Siemens

siemens

Германската компанија Siemens извести за осетно зголемена нето добивка во последниот квартал од 2015 година, при силен прилив на нарачките благодарение на намалениот курс на еврото.

Во тромесечниот период од октомври до декември, инаку прв фискален квартал на компанијата, нето добивката скокна за 42 отсто, на 1,56 милијарди евра. Од Siemens потсетуваат дека резултатите во истиот период од претходната година беа под притисок од финансиските деривати.

Во последните три месеци од 2015 година, Siemens благодарение на послабото евро ја зголеми вредноста на нарачките искажани во други валути, забележувајќи 27-отстотен скок на нарачките на нови проекти и стоки, на 22,8 милиони евра. Нивната вредност бележи силен раст од 19 отсто и доколку се изземе влијанието на валутните курсови.

Оттука од Siemens ја зголемија процената за добивката во новата деловна година, од 5,90 на 6,20 евра по акција на 6,00 до 6,40 евра по акција и очекуваат умерен раст на приходите и покрај забавувањето на глобалната економија и одделни проблематични подрачја во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП