17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord се повлекува од Јапонија

Ford се повлекува од Јапонија

fordic 33

Американската автомобилска марка „Ford“ ќе се повлече од пазарите на Јапонија и Индонезија уште оваа година, пишува „Ројтерс“, цитирајќи го официјалното соопштение од производителот.

Причината е поврзана со претставувањето на брендот на овие пазари. Од „Ford“ посочуваат дека „не гледаат начин за ефективен бизнис, што доведе до решение за прекин на сите активности во Јапонија и Индонезија“.

„Во Индонезија нема како да се развива успешен бизнис без локално производство. А ние не располагаме со такво. Тешкотиите на пазарот на Јапонија се поврзани повеќе со локалните компании, како „Toyota“, „Honda“ и „Nissan“ кои држат огромен дел од пазарот “, се вели во пораката.

Затворањето на претставништвата ќе се случи во следните месеци. Ваквиот потег „Ford“ го презеде и со луксузната марка „Lincoln“, која веќе беше повлечена од некои пазари во Азија.

Во моментов „Ford“ располага со 52 застапништва во Јапонија, каде ги продава моделите „Fiesta“, „Focus“, „Mustang“, „EcoSport“, „Kuga“ и „Explorer“, како и „Lincoln MKX“ и „Navigator“. Во Индонезија американската компанија ги продава моделите „Fiesta“, „Focus“, „EcoSport“, „Everest“ и „Ranger“.

„Ford“ присуствува на јапонскиот пазар од 1974-та година, а минатата година реализираше околу 5.000 продажби, или приближно 1,5% пазарен удел. Во Индонезија брендот дебитираше во 2002-ра година, а во 2014-та има продадено околу 6.000 нови автомобили, или 0,6% пазарен удел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП