27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕкстремниот Jaguar F-Type SVR е подготвен за Женева (фото)

Екстремниот Jaguar F-Type SVR е подготвен за Женева (фото)

eks jaguar

Први официјални фотографии на „жешкото“ купе „Jaguar F-Type SVR“ беа објавени од изданието „Autovisie“ што успеа да стигне рекламната брошура на моделот.

„Екстремен спортски автомобил“, како што машината е наречена од неговите творци, ќе добие нов преден браник со зголемени отвори за воздух, преден сплитер, издувен систем од титаниум, 20-инчни алуминиумски бандажи со гуми „Pirelli P Zero“ и адаптивно позадинско антикрило чија позиција се менува во зависност од брзината на возилото.

eks jaguar1

Во кабината на возилото е поставен нов спортски волан и дополнителни алуминиумски декорации. Стандардните седишта се заменети со спортски – „Performance“ кои се со посебна природна кожа.

Под хаубата на каросеријата е поставен 5,0-литарски V8 мотор со механички компресор, развива 575 КС и 700 Nm вртежен момент. Тој работи во комбинација со 8-степен автоматски менувач и погон на четири тркала, што обезбедува забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,7 секунди.

eks jaguar2

Максималната брзина на оваа модификација е 322 км/ч. Аналогно автомобилот во верзијата „кабрио“ успева да развие за 10 км/ч помалку – 312 км/ч.

За да може машината да се справи со зголемените моќ и брзина, инженерите на „Jaguar“ ја опремени со нова систем за сопирање, електронски заден диференцијал и спортска суспензија со индивидуализирани амортизери.

eks jaguar3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП