20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: „Трипл дабл“ на Стеф Кари

НБА: „Трипл дабл“ на Стеф Кари

indijana keri

Стеф Кари ја обележа изминататa ноќ во НБА лигата, тој забележа „трипл дабл“ на мечот со Индијана, во кој два пати пoгоди од половина терен. Кари, бекот на Голден Стејт погоди од половина терен во последните десетинки од првата и во последната секунда од втората четвртина.

Голден Стејт славеше над Индијана 122:110, а Кари натпреварот го заврши со 39 поени, 12 асистенции и 10 скокови. Кари е прв стрелец во лигата, тој во просек има учинок од 30,1 поени, 6,6 асистенции и 5,4 скокови.

Покрај Кари, стандардно добро кај шампионот одигра Дрејмонд Грин (22 поени, 11 скокови), а Клеј Томпсон постигна 18 кошеви. Мајлс Тарнер го одигра мечот на кариерата, тој ја предводеше Индијана со 31 поен.

Голден Стејт со триумфот над Индијана стигна до 40-та победа во 44-от натпревар во сезоната. Екипата од Оукленд до крајот на регуларниот дел ќе се обиде да го собори рекордот на Чикаго од времето на Мајкл Џордан, кога Булис имаа скор од 72 победи и 10 порази на крајот од сезоната.

Резултати: Далас-Оклахома 106:109, Голден Стејт-Индијана 122:110, ЛА Лејкерс-Сан Антонио 95:108, Орландо-Шарлот 116:120, Бостон-Чикаго 110:101, Бруклин-Јута 86:108, Њујорк-ЛА Клиперс 88:116, Хјустон-Милвоки 102:98, Торонто-Мајами 101:81.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП